Мадуро смета дека ЦИА сака да го симне од власт

од Vladimir Zorba

Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, побара од владата на САД, Мексико и Колумбија објаснување за нивната наводна улога во заверата на ЦИА против него.

-Барам од претседателот на САД, Доналд Трамп да ги разјасни навредливите зборови на директорот на ЦИА кој себе си се семета за светска сила – изјави Мадуро на воена церемонија.

Тој го обвини директорот на ЦИА, Мајкл Помпео дека знае дека Вашингтон соработува со мексиканската и колумбиската влада за да се промени власта во Венецуела.

И Мексико и Колумбија ги отфрлија наводите за мешање во внатрешните работи на Венецуела.

Слични содржини