Македонија со втора победа и убедлива разлика

од Vladimir Zorba

Македонската репрезентација ја постигна и втората победа на ракометниот мундијал во Франција. Вечерва беше совладана селекцијата на Ангола со 31:22 (14:9).

На почетокот од дуелот нашите ракометари имаа минимално водство пред се благодарение на добрата одбрана бидејќи во нападот правеа многу грешки, а Ангола првиот гол го постигна во 8.минута. Но, слабата реализација продолжи и Ангола во 18.минута изедначи (5:5), по што селекторот Лино Червар мораше да побара тајм аут. Промена на резултатот немаше до 9:9 (24.минута) и Македонија секогаш имаше минимално водство. До крајот на првиот дел направивме серија од 5-0 за водство на полувремето од 14:9.

На почетокот на вториот дел Македонија во напад играше „7-6“, но следуваа грешки и Ангола го намали водството постигнувајќи три гола кога Македонија беше без голман. Брзо се врати Македонија во игра со серија од 4-0 и поведе со +6 (19:13). Нашата репрезентацијата првото двоцифрено водство го имаше во 51.минута – 25:15.

Најефикасен на дуелот беше Кирил Лазаров со 10 голови.

Играч на мечот бече нашето крило Гоце Георгиевски.„Најважно е да останеме цврсто на земја пред следните многу потешки натпревари. За пет дена ни следуваат три натпревари, тоа е многу напорно темпо и свесни сме дека ќе биде многу тешко. Ќе го искористиме утрешниот ден за анализа на Словенија и следните противници и мислам дека подготвени ќе ги дочекаме. Знаеме дека ќе го најдоброто од себе бидејќи овие две победи ни послужија за кревање на самодовербата, смета искусното крило

Во следното коло Македонија во понеделник од 17:45 часот игра против Словенија.

На другите два дуела од Б групата во Мец Словенија го победи Исланд минимално со 26:25, а Шпанија беше подобра од Тунис со 26:21. На табелата со по четири бодови се Словенија, Шпанија и Македонија, додека Исланд, Тунис и Ангола немаат бодови.

Слични содржини