МАЕИ бара ослободување на Едмонд Темелко

од desk4

Итно преземање на потребните чекори за ослободување од затвор на лидерот на Македонската алијанса за европска Интеграција (МАЕИ) и градоначалник на Пустец, Едмонд Темелко побара единствената партија на Македонците во Албанија.

– Едмонд Темелко кој е во Истражниот затвор во Скопје се наоѓа во крајно сериозна здравствена состојба. Неговите роднини не информираа дека не му е дозволено да користи здравствена заштита што е спротивно на сите универзални права. Иако до македонските судовии беа доставени и соодветни лекарски докази, тие одбиваат да му овозможат користење на потребната здравствена нега, посочува МАЕИ во барањето.

Според нив, злосторство е држењето во притвор на Темелко кој бил во крајно сериозна здравствена состојба.

– Македонците бараат запирање на политичкиот прогон против Едмонд Темелко, а политичките сили во Република Македонија да покажат повеќе национална одговорност, се наведува во барањето.

Слични содржини