Мафијата ќе ја препознаете само по одземање на имотот

од desk3

Министерот за безбедност на Босна и Херцеговина, Мектиќ рече дека проблемите во правосудниот систем на неговата земја се сложени, особено кога се во прашање процесуирањата на бројните случаи на организираниот криминал и корупција .

– Првпат изразувам сериозна загриженост, бидејќи кога е во прашање мафијата, таа е појака од државата, а можеме да ја победиме само со одземање на имотот, кажа Мектиќ.

За решавање на овие прашања тој смета дека е потребен целосен политички консензус бидејќи на тој начин на институциите им се оставаат раширени раце за да се занимаваат со тие проблеми, па за таа цел тој вели, дека е потребно да се менуваат некои закони и прописи.
– Во случајот  “Пандора” се се сведе на злоупотреба на службената положба на бившиот директор на Управата за оданочување, Кемал Чаушевиќ. Доколку не сум во право, ќе си поднесам оставка, рече Мектиќ.

 

Слични содржини