Магазинот „Тајм“ избира личност на годината

од Vladimir Zorba

Американскиот магазин „Тајм“ спроведува анкета за традиционалниот избор за Личност на годината.

tajm-licnost-na-godinata

Резултатите од првите денови на гласањето покажуваат дека основачот на Викиликс, Џулијан Асанж води за три процентни поени пред новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп.

Конечните резултати од анкетата ќе бидат соопштени во декември.

Иако за доделувањето на оваа титула одлучуваат уредниците на магазинот, тие велат дека анкетата во која учествуваат читателите им е важен показател за мислењето на јавноста.

Магазинот прогласува Личност на годината од 1927 година и оваа титула до сега ја понеле разни личности, од политичари, преку астронаути до демонстранти.

Минатата година за Личност на годината беше прогласена германската канцеларка Ангела Меркел./Мета

Слични содржини