Почетна / Актуелно / Комплетирано четвртото коло во претквалификациите за Светското кошаркарско првенство

Комплетирано четвртото коло во претквалификациите за Светското кошаркарско првенство

Во претквалификациите за Светското кошаркарско првенство кое во 2019. година ќе се одржи во Кина, комплетирано е 5.коло во европската зона.

Во групата А во која играат четири репрезентации, победи на синоќешните средби забележаа гостинските репрезентации.

Швадска славеше на гости кај Босна и Херцеговина со 88-72, а Ерменија во Словачка со 92-78. Табела: Ерменија 7 бодови, Шведска 6, БиХ 6, Словачка 5.

Австрија убедливо ја совлада Албанија со 97-63 во дуел од Б групата во која слободна во оваа коло беше селекцијата на Холандија.

На табела водечка е Австрија 5 пред Холандија со 4 и Албанија со 3 бода.

Победата над Македонија против Косово со 87-74 го враќа црвено-жолтите во игра за пласман понатаму, бидејќе сега сите три репрезентации имаат по четири бода.

Табела: Естонија 4, Македонија 4, Косово 4.

И во последната Д група, Бугарија немаше проблеми со Португалија против која оствари вискока победа со 91-65. Бугарите имаат максимални 6 бода, додека Белорусија и Португалија по 3.

Следната претпоследна рунда во претквалификациите на програмата е веќе во среда.