Иако ја пробија оградата економките мигранти со засилено полициско  и линиско армиско обезбедување се запрени на македонско -грчката граница.

D2A64573-7D42-494D-B00E-0F6CE6F8ACAB_w640_r1_s_cx0_cy2_cw0

Стотици Мароканци, Алжирци и Пакистанци се обиделе да ја минат границата меѓу Македонија и Грција кинејќи дел од бодликавата ограда и барајќи да им биде дозволено да го продолжат патот кон северот на Европа.Но тоа е спречено и полицијата ги блокира.

Околу илјада и петстотини мигранти се заглавени во близина на градот Идомени откако Европа реши да ги филтрира мигрантите, дозволувајќи влез само на оние што бегаат од со војна зафатените Сирија, Авганистан и Ирак. Некои од нив фрлале камења врз полицијата, додека други на колена извикувале „Сакаме да одиме за Германија“. Неколкумина успеале да влезат на македонска територија но набрзо биле фатени од полицијата.Тие се упорни во барањето Македонија да им дозволи да ја преминат границата и да се упатат кон Србија и покрај мерките со кои тие се сметаат за економски мигранти , а не за бегалци а со тоа не ги исполнуваат условите за азил во земјите од ЕУ. Состојбата дополнително ја усложнуваат грчките полицајци кои не прават ништо да ја смират толпата. За разлика од нив, поголем дел од жени со мали деца, постари луѓе го напуштија кампот во Идомени и се упатиле  кон внатрешноста на Грција

Над 800 илјади бегалци и мигранти од Блискиот Исток, Азија и Африка пристигнаа во Европа преку Турција и Грција. Обединетите нации ги осудија новите рестрикции базирани врз националноста на мигрантите и бегалците.

 Македонија сега е  во очекување дали  и кога Европската унија ќе донесе одлука припадниците на Фронтекс да бидат  рапоредени  на јужната граница директно да ги контролираат мигрантите и  да ја преземат нивната регистрација.

Слични содржини