Мајчино млеко како лек против ракот

од Vladimir Zorba

Мајчиното млеко почна да се користи како лек против ракот, откако научници во Шведска случајно откриле дека содржи состојка која ги убива клетките на туморот.

На користењето на мајчиното млеко во борбата против ракот се чекало повеќе од пет години, а сега почна да ги дава првите резултати.

Истражувањето кое е спроведено на пациенти кои се болни од рак на мочниот меур веќе дало ветувачки резултати.

Истражувачите веруваат дека супстанца од мајчиното млеко која ја нарекле Хамлет им помага на овие пациенти, а во иднина ќе помогне и во лелување на ракот на цревата и ракот на грлото на матката.

Според лабораториските истражувања состојката Хамлет од мајчиното млеко убива 40 отсто разни видови на рак, а значајно е тоа што не убива здрави клетки, што значи дека не предизвикува тешки нуспојави како сегашните лекови кои се користат во хемотерапијата.

Професорката Катарина Сванборг, на чија иницијатива е спроведено ова истражување, рече дека постои нешто „волшебно во супстанцата Хамлет која ги наоѓа клетките на туморот и ги убива”.

– Мајчиното млеко го содржи протеинот алфа-лакталбумин кој во стомакот се трансформира во агенс кој се бори против ракот, истакна Сванборг која работи како умунолог во шведскиот Универзитет Лунд.

До ова откритие Сванборг и нејзиниот тим дошле сосема случајно. Во тек на еден експеримент им биле потребни човечки клетки и бактерии за да ги истражат антибиотските својства на мајчиното млеко. Од практични причини земале клетки на тумор.

– Кога на овие клетки додадовме мајчино млеко, на наше големо чудење, клетките изумреа. Тоа случајно откритие беше вистинска среќа, истакна Сванборг.

Слични содржини