Мајк Тајсон го продава Ферарито

од Vladimir Zorba

Боксерската легенда Мајк Тајсон очигледно не може да се извлече од финансиските тешкотии во кои е заглавена во последниве години. Поранешниот светски шампион во тешка категорија објави за продажба едно од своите богатства – “Ферари Ф50”. Машината е меѓу едвај 349-те произведени од легендарниот модел и се проценува на 2,4 милиони долари. Ф50 има V12 мотор, моќ 530 коњски сили и бил монтиран во болидите на “Ферари” за Формула 1 на крајот на 90-тите години.

Автомобилот во пракса е речиси нов, бидејќи Тајсон поминал со него помалку од 10 000 км.

Железниот Мајк не е единственото спортско величие кое не успева да се справи со финансиската ситуација по крајот на кариерата. Познатата гимнастичарка Олга Корбут ги продаде на аукција медалите од Олимписките игри во Минхен “72.

Слични содржини