“Мајките во исламскиот свет ги воспитуваат своите синови како паши, а ќерките – на послушност”, вели писателката Сафета Обхоџаш за DW. Според неа Западот е премногу наивен и лековерен во односот кон странските култури.

0,,17555081_303,00

65-годишната Сафет Обхоџаш е Бошњачка по потекло, живее во Вупертал повеќе од 20 години.Тоа е на мислење дека муслиманките исто носат одговорност за многу проблеми – вклучувајќи и за сексуалните напади извршени во новогодишната ноќ во Келн. “Овие млади мажи учат уште од своите мајки и баби дека жените кои не носат шамија и не се облекуваат според муслиманските правила, можат да бидат само предмет за сексуални задоволства”, вели таа.

Разочарување од муслиманските мажи
Сафет Обхоџаш е разочарана од повеќето мажи-муслимани. “Каде се воопшто овие мажи? Во џамијата, во некоја сала за кладење или пабовите каде пушат наргиле или земаат дроги”, вели таа. Во минатата година во Германија пристигнаа голем број муслимани – сите тие ги внесуваат своите културни и манталитетни особености – убедена е писателката.

“Погледнете наоколу. Сите овие жени носат шамии, сите имаат по три, четири или пет деца. Зарем можеме да очекуваме од нив, дека ем ќе се грижат за децата, ем ќе настојуваат да се интегрираат во општеството?”, прашува таа .

Обединетото Кралство во големи проблеми

Темата за шамиите и забулувањето ја возбудува особено писателката. Самата таа не носи шамија. Сафет Обхоџаш ги критикува муслиманските жени кои изразуваат одобрение за забулувањето, како и однесувањето на големите дизајнерски куќи: “Сега тие прават голем обрт и собираат огромни профити од исламската мода, цементирајќи ка на тој начин потчинета улога на жената. Никој не може да ми каже, дека жените се забулени доброволно “, вели писателката.

Таа ги критикува заблудите на мултикултурното општество во Германија, бидејќи ги наоѓа за премногу лековерни и романтични: “Многу од левите во Германија си мислеа дека поранешна Југославија е конгломерат од религии и култури, во кој сите се сакаат едни со други. А кога им раскажав други приказни кои тие не ги познаваа, не сакаа и да ме слушнат “, тврди Босанката.

“Генерацијата над 40 е загубена”

Во делата на Сафета Обхоџаш речиси секогаш се тематизира најтешкиот живот на многу муслимански жени. Нејзиниот роман “Ќучекчијката” се појави на пазарот, како електронска книга. Следната сезона театарот во Вупертал ќе постави и нејзината претстава “Искри од мртвото море”.

Авторката се радува, но и покрај тоа се сомнева дека може да промени нешто во општеството. “Во постарата генерација – мојата генерација – е силно закоравена, дури би рекла дека целото поколение над 40 години е целосно изгубено. Јас сепак се обидувам да им дадам храброст на помладите. Вреди човек да се бори”, вели Сафета.

Затоа таа оди по училиштата и ги раскажува своите приказни. Активно учествува во театарски и интегративните проекти наменети претежно за млади муслимани. “Како можеме да воспитаме нова генерација што ќе е социо-активно во средината, да е подготвено да се спротивставува на мајките и татковците, но и да го најде своето место во германското општество? Тоа е многу, многу сложено прашање”, вели таа.

Писателката не крие дека се надева на поголема поддршка за тешката задача, особено од страна на жените. “Германските жени гледаат на тебе или како на егзотична личност, или пак те сметаат за конкуренција. И тогаш е готово со тебе. Не губам надеж, но не верувам дека можеме да промениме нешто во блиска време”, заклучува Сафета Обхоџаш.

Слични содржини