Мајкл Бубле и Луисана Лопилато се полни со надеж дека нивниот син ќе ја победи болеста

од desk2

Мајкл Бубле (41) и Луисана Лопилато (29) во петокот ја објавија веста, дека нивниот 3-годишен син има рак и ја замолија јавноста за приватност, додека се справуваат со сериозната болест. Веднаш по објавувањето започнаа да се шират различни шпекулации, а сега, сестрата на Луисана, Даниела, ги негираше гласините дека момчето има леукемија.

14719284_588804564577632_8895814178476916736_n

“Ве молиме да не се шпекулира што се случува со малиот, бидејќи сите кои имаат деца можат да разберат колку е тешко за родителите да се справат со овој вид на вести. Сè друго што можам да кажам е дека Мајкл и мојата сестра, сами ќе објават било какви вести што ќе сакаат да ги споделат со јавноста” вели таа во соопштението.

14099729_1157376674

Покрај тоа, таа рече дека целото семејство е “скршено на половина”, поради оваа тажна вест.

Пријател на двојката, пак вели дека Мајкл и Луисана се многу тажни, но, исто така и полни со надеж и позитивни мисли, бидејќи малиот Ноа е борец и веруваат дека ќе успее да ја победи оваа тешка болест.

buble_kid-634x525

Слични содржини