Мајкл Корс го купува Џими Чу за 1,2 милијарда долари

од Vladimir Zorba

Американската компанија Michael Kors постигнала договор за купување на британскиот  производител на чевли Jimmy Choo за 986 милиони фунти / околу 1,2 милијарди долари /. Чевларската марка беше предложена за продажба во април оваа година, откако нејзиниот главен сопственик – JAB Holding – одлучи да се откаже од бизнисот со луксузни стоки.

Jimmy Choo се познати по тоа што биле омилена марка чевли на покојната британска принцеза Дајана, а исто така и на популарните хероини од серијата “Сексот и градот”.

За Michael Kors оваа набавка претставува можност за диверзификација на својот бизнис во услови кога пазарот на чанти бележи пад.

Слични содржини