Макаби се засили со НБА играч

од Vladimir Zorba

  Американецот Норис Кол потпиша едногодишен договор со Макаби Тел Авив. Ангажманот на двократниот НБА шампион за најуспешниот израелски кошаркарски клуб треба да претставува големо засилување за новата сезона.

– Норис е одличен играч и личност, изјави тренерот на Макаби, Невен Спахија.

Кол минатата сезона анстапуваше за Шандунг во Кина, а потоа и за Оклахома во НБА лигата. Претходно одигра 347 натпревари во НБА како член на Мајами и Њу Орлеанс, а во текот на кариерата има просек од седум поени, 2,7 асистенции и два скока.

Со Мајами стигна до два шампионски трофеја во НБА во сезоните 2012/13 и 2013/14.

Слични содржини