Триесетина Македонци кои живеат во Вашингтон протестираат пред амбасадата на Република Македонија во САД против одлуката на претседателот Ѓорге Иванов за аболиција на политичарите за кривични дела што можат да произлезат од прислушуваните разговори. Им се придружија и неколку американски граѓани.vasington2-670x503

Протестот е организиран од нашинци што живеат во главниот град на САД. Тие со македонски знамиња, ѕвончиња, свирчиња и вувузели и транспаренти на кои пишува „Протестирам за демократска Македонија“ и „Поддршка за СЈО“ се упатија кон македонската амбасада и сега стојат пред оградата. На улицата од неколку возила возачите што се дел од протестот трубат со автомобилските свирки.

На протестот се појави и Мето Коловски, претседател на Обединетата македонска дијаспора. Тој рече дека пред амбасадата е во две улоги – како граѓанин и како претседател на ОМД.

Портата на амбасадата е затворена. Нема знаци дека некој има внатре. На оградата на амбасадата демонстрантите распнаа транспаренти на кои пишува „Оставка“ и „Истрага“.

Демонстрантите пеат македонски песни и извикуваат „Нема правда нема мир“, „Оставка“ и „Готово е!“. Потоа симболично си ги залепија устите со самолеплива лента.

Извор: Сакам да кажам

Слични содржини