Во недела, на 17 МАј во Хајд Парк Спикерс Корнер во 13 часот Македонците од Лондон ќе протестираат со намера да покажат солидарност со нивните сограѓани од матичната земја и да изразат загриженост за актуелните политички случувања во земјата коишто. Во повикот за протестот кој се споделува на социјалните мрежи се вели дека тие ќе протестираа за „мир, слобода и демократија во Македонија“. Протестите ќе ги одржуваат секоја недела на исто место и во исто време се додека не видат дека во земјата нештата се менуваат.

22363golema

Покрај загриженоста за состојбите во Македонија и солидарност со македонските граѓани кои протестираат, Македонците од Лондон изразуваат сочуство со семејствата на загинатите припадници на полицијата во настаните од Куманово. Тие пред македонската амбасада ќе ги испорачаат следниве барања:

1) Итна оставка и одговорност од целата влада;
2) Итно ослободување на активистите кои беа приведени на 5 мај;
3) Формирање на преодна влада која ќе има капацитет да овозможи и изврши институционални реформи и демократизација

Од местото на собир во Хајд Парк групата потоа ќе се упати кон македонската амбасада кадешто ќе врачи писмо со нивните барања.

Слични содржини