По Велигденските и првомајски празници, со продолжениот викенд, денеска продолжи Шарената револуција. Илјадници граѓани се собраа во 18 часот да изразат поддршка за работата на СЈО и да побараат повлекување на одлуката за аболиција, оставка на претседателот Иванов и одложување на изборите.

Протестот вообичаено почна пред СЈО, продолжи пред Собранието, па кон зградата на Кривичниот суд. ТАму и покрај огормниот кордон на полицијата  Кривичниот суд беше обоен во боите на Шарената револуција. Потоа демонстрантите протестот го завршија пред  Владата. МАкедонија освен во Скопје  протестираше и во Струмица, Битола и Прилеп.


Еве го редоследно целиот 15 антивладин протест во Макеоднија

 18:37   Граѓани  се собраа пред просториите на Специјалнотот јавно обвинителтво за да изразат поддршка на рабтата на ова обвинителство, да побараат одложување на изборите, повлекување на скандалозната одлука за аболиција и оставка на претседателот Иванов.
Скандираат „Поддршка за СЈО“, „Нема правда нема мир“…

13140739_10208049620136557_1874266810_n13162095_10208049619976553_2027739208_n

19.00  „Вооружени“ со шарени знамиња во духот на шарената револуција граѓаните од СЈО се упатија кон Собранието.

13149896_10208049758900026_1395918739_n
13101315_10208049758220009_1264145013_n


19.30  Демонстрантите од Собранието движат кон целта   судскиот комплекс Нивниот број постојано се зголемува:


13149861_10208049855502441_1619855257_n
13153229_10208049889863300_1112576775_n

19,30 И Струмица е на нозе

 

13094107_10209628870906888_6678784399724763390_n
ChjIEdrWIAE3C8m


 

20.00 Скопјани стигнаа пред судот „Нема првда, нема мир“ „Робија за мафија“!

 

ChjKp2hWMAASkQeChjK9FbU8AAnR7_ChjNXLTWYAAvWqYChjNR_jWEAEpqHHChjNToaUUAEcWdy

Се обраќаат повеќе професори по правото , адвокати, кои порачуваат , за ова што го прави македонското судство е за судење. Никаде го нема ова во учебниците, ниту во праксата. Го узурпираа правниот ситем ја извалкаа професијата и се додека праведноста, правото и правдата  не дојде нема да има мир. НАсилна порака сепак упати мајката на притворениот Борјан Ефтимова . Таа пред присутните извика Горда сум на мојот син. Родители, излезете на протести и поддржете ги своите децаeftomova

Не смееме да дозволиме на нашите деца да им биде одземена слободата и затоа сакам да им порачам на сите родители кои од дома не поддржуваат, немате зошто да се плашите, излезете и охрабрете ја нашата младина, рече пред Кривичниот суд мајката на Борјан Ефтимов кој доби 30 дневен притвор за учество во толпа за протестите на Шарената револуција.

– Охрабрете ја нашата иднина, избор повеќе нема, или ќе живееме во демократија и еднаквост за сите, или нашите деца ќе ни се обраќаат преку Скајп и вибер. Или сите заедно ќе ги вратиме општествените вредности, или нема да ги има, рече Ефтимова.

Таа истакна дека Борјан ќе биде во домашен притвор до 26 мај, односно се додека не му дозволат да се произнесе по делото учество во толпа.

– Апелирам до судот да суди по закон за правдата да победи. Денес стојам пред вас со исправена глава, со чиста мисла и многу, многу горда на мојот син. Успеав да го воспитам моето дете во духот на праведољубивоста и на чесноста, така ме воспитуваа моите родители, така и јас ги воспитувам моите деца. Некому тоа многу му пречи, но навистина, можам само да кажам, тоа е ваш проблем и самите справете се со него. Јас сметам дека треба и така ќе продолжам, рече Ефтимова.

Граѓаните потоа во знам на шарената револуција и протестот го обоија и Кривичниот  суд 

 

ChjQhrwU0AAgYFJChjQNg6UoAAPY3EChjRAkkVIAAMaQe


 

21.00 Демонстрантите стигнаа пред Владата (20:52)

13115792_10154114294839804_261360119_nДемонстрантите пристигнаа пред владата. И тука ги вееја  шарените знамиња, барајќи  оставка од претседателот и  повлекување на скандалозната аболиција.

21. 50  Шарената револуција продолжи и во Битола

Шарената револуција продолжи и во Битола. Битолчанки на протестот пред зградата на Општината им делеа шарени јајца на полицајците што беа во кордонот.

bitola-jajca

„Ако немате јајца повелете“, им порачаа демонстрантките на полицајците кои ја обезбедуваа зградата на општинската администрација, каде што е и седиштето на помилуваниот градоначалник Владимир Талевски.

Повеќето полицајци ги зедоа јајцата. Само малкумина го одбија ваквиот гест.

Битолчани повеќе од две недели протестираат со барање оставка од битолскиот градоначалник Владимир Талески. Против него и единаесет негови соработници и директори на училиштата, Специјалното обвинителство отвори предистражна постапка поради злоупотреби со превозот на учениците.

Овој пат, иако Први мај беше пред две дена, тие на протестот побараа поголеми работнички права и социјална правда. Говорниците на протестот симболично ги врзаа Општината, Судот и Полицијата и рекоа дека тоа е Бермудскиот триаголник на Битола во кој што е изгубена правдата.

21.00 Протест и во Прилеп

Со пораките „Смрт на фашизмот, слободата на народот“, „До слобода, до победа“, „Нема правда, нема мир“ прилепчани протестираа низ центарот на градот.

ChjrYNXVIAEB2PF

По вообичаеното обраќање на граѓанските активисти, на камената бина, слободарскиот марш продолжи по булеварот, кон споменикот „Карпалак“. Со партизанската „Бела чао“, „Имам душа, ама не сум војник“ кои ечеа низ центарот и старата чаршија, демонстрантите ширеа позитивна енергија низ градот. Многу вработени по дуќаните, особено на булеварот ги следеа со насмевки своите сограѓани, кои се охрабрија и секој ден се сѐ побројни и поодлучни во намерите, преку мирни протести да ја вратат демократијата во државата.

 

Слични содржини