„Македонија 2025“: Потребна е добра економска клима за да продолжат инвестициите

од Vladimir Zorba

Платформата „Македонија 2025“ се надева дека со постигнувањето на последното политичко решение ќе дојде до  конечно решавање на долгата политичка криза во Македонија.

Оттаму повикуваат на создавање добар економски амбиент за да продолжат инвестициите.

„Ги повикуваме сите релевантни партии, групи и организации што беа опфатени од политичката криза да ги стават настрана своите партиски интереси и да се фокусираат на градење добра економска средина, во која странските и локалните компании и претприемачи ќе бидат стимулирани да ги продолжат своите инвестиции во Македонија. Важно е да се нагласи дека во мошне компетитивната глобална арена, земјите овозможуваат позитивна економска клима и политичка стабилност, што резултира со враќање на придобивките кон граѓаните по пат на економски пораст. Ова е наша заложба како организација и кон таа цел продолжуваме да даваме поддршка на Република Македонија и на нејзините граѓани,“ велат од „Македонија 2025“./Meта

Слични содржини