Дневниот извештај на Министерството за внатрешни работи (МВР) за бројот на мигранти на кои вчера им биле издадени потврди за искажана намера за барање азил покажува дека полицијата на јужната граница регистрира само државјани на Сирија, Авганистан и од Ирак.

migranti

„Во периодот од 00.00 до 24.00 часот на 19 ноември 2015 година, издадени се потврди на вкупно 2.589странски државјани. Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија – 1.149, Авганистан – 966, Ирак – 474, додека другите се во помал број“, стои во соопштението на МВР.

Последниот дел од цитатот „додека другите се во помал број“, веројатно е превид од предходниот урнек од соопштенијата на МВР за движењето на мигрантите, бидејќи збирот од бројот на мигранти од овие три држави е точно 2.589 лица.

DW:Туск доаѓа во Македонија: има ли план за бегалците?

Од МВР побаравме, но, засега сè уште немаме добиено одговор дали веќе е на сила ограничувањето на квотата на мигранти што дневно се пропуштаат од Грција.

Заменик-министерот за внатрешни работи, Митко Чавков, вчера, во рамките на третата работна сесија на Салцбург-форумот што се одржа во Софија, Република Бугарија, меѓу другото, рече дека низ Македонија не треба да минуваат повеќе од 3.000 мигранти дневно.

„Земајќи ја предвид новонастанатата состојба со редуцирање на бројот на мигранти што транзитираат на западно-балканската рута и кои не треба да бидат повеќе од 3.000 дневно, како и тоа дека во Република Македонија од јужниот сосед секој ден доаѓаат помеѓу 7.000 и 9.000 мигранти, Чавков истакна дека менаџирањето на оваа состојба ќе биде многу тешко без вистинско ангажирање на грчките власти, во насока на намалување на бројката на мигранти што се препраќаат кон Република Македонија, како и итно и неодложно активно учество на сите европски институции, пред сè, на Фронтекс и на Европол, во делот на брзо и неодложно ставање во функција на т.н. пунктови (Hot Spots) во Грција и во Италија“, стои во соопштението на Министерството за внатрешни работи.

 

META

Слични содржини