Зајакнување на административните капацитети за спроведување на правната рамка за стечај и ликвидација на компаниите, тема на  првата меѓународна конференција организирана во рамките на ИПА проектот  финансиран од ЕУ, што се одржува во Скопје.

„Уверен сум дека од овие активности освен Министерството за економија придобивка ќе има бизнис секторот и целото стопанство. За таа цел ќе се формира посебна работна група за обезбедување на препораките од проектот за зајакнување на административните капацитети како и од бизнисот за подобрување на законската рамка за стечај. Во која ќе учествуваат и институции кои ја имплементираат законската рамка и од нив ќе се очекуваат нови предлози за законски решенија“, рече Крешник Бектеши – министер за економија.