Македонската армија ќе подигне 50-километарска три метри ограда долж границата со Грција за да го запре нелегалното влегување на економски мигранти во земјата.

ограда арм

Десет километри од оградата веќе се изградени. Жицата  ќе бидат укината по сите места кои се користеа како алтернативни правци од мигрантите за да избегнат полициски контрола. Подигнувањето на оградата започна кон крајот на минатата недела и треба да заврши за  десетина дена, прецизираат извори од армијата.

Пред две недели  по седницата на Советот за безбедност на Македонија и пепораките од Брисел, властите во Скопје воведоа забрана за сите економски мигранти, и најавија ако е нужно ќе подигнат и ограда на граноцата со Грција која неконтролирано  и неселективно пушта бегалци  и мигранти на територијата на Македонија.

На територијата на земјата се дозволени само мигранти од Сирија, Ирак и Авганистан. Сите останати се враќаат назад во Грција. Од 19-ти јуни до денес во Република Македонија од Грција пристигнаа околу 300 000 луѓе. Сите тие доаѓаат организирано со автобуси и возови до македонскиот пограничен град Гевгелија., а тите кои имаат уредни документи   и не се економски мигранти  со организиран превоз се пропуштаат натаму кон Србија.

Слични содржини