Фудбалската репрезентација на Македонија забележа нов скок на најновата ФИФА ранг листа.

Македонија сега е за 32 позиции подобра пласирана и се наоѓа на 103 позиција на ФИФА ранг листата, причина за ваквиот скок секако се добрите натпревари против Израел и Албанија, во кој запишавме победа и реми.

Избраниците на Игор Ангелонски запишаа гостинска победа против Израел и одиграа нерешено против селекцијата на Албанија на домашен терен во натпреварот кој се одигра во Струмица.

На врвот сега лидер е Германија, потоа следи Бразил, зад „кариоките“ се Португалија, Аргентина, Белгија… Нашиот следен противник селекцијата на Италија се наоѓа на 17 позиција.

Слични содржини