Македонија  ја заврши изградбата на првите 3 километри ограда на границата со Грција, за да може подобро да ги контролира протокот на мигранти од Блискиот Исток на пат за Западна Европа, пренесе АФП.

ограда  границ

Комплет е висок 2,5 метри и опкружен со бодликава жица, и беше подигнат од страна на армијата на граничен премин кај Гевгелија, во кој со месеци секојдневно минуваат по неколку илјади мигранти. Почетокот на работата на оградата во саботата беше обележана со судири меѓу мигранти и македонските сили на редот кај кои 18 полицајци беа повредени и неколку полициски и воени автомобили оштетени од фрлени камења.

ограда бегалци

Македонската полиција одговори со шок бомби . Огради  засега не се  подигнати на други места долж границата, но македонските власти не ја исклучуваат таква можност, да биде ставена ограда на сите критични места.

Слични содржини