Македонија против Чешка за пласман на Европското ракометно првенство

од desk2

Македонската ракометна репрезентација вечерва ќе го одигра клучниот натпревар за пласман на Европското првенство во Хрватска. Ракометарите за противник ќе ја имаат селекцијата на Чешка.

Македонија, во четвртокот, ја пропушти шансата уште во Украина да обезбеди пласман за континенталниот собир во Хрватска. „Црвено-жолтите“ во Украина одиграа 27-27,, поради што пласманот на табелата во Групата 4 ќе се решава вечерва во Скопје и Рејкјавик.

Чешка како лидер во групата со шест бодови гостува во нСкопје кај вторпласираната Македонија која има бод помалку. Пет бодови има и Украина која гостува кај Исланд кој со четири бодови е последен на табелата но не и без шанси за пласман на ЕП.

Во пресрет на натпревар селекторот на Македонија Раул Гонзалес, реши да направи две промени во однос на составот кој играше во Украина.

Искусниот Ацо Јоновски, специјалостот за игра во одбраната, ќе го замени Мартин Велковски, а рокада ќе има и на голманската позиција Никола Митрески ќе го заземе местото на Златко Даскаловски.

Инаку, дуелот се игра во арената „Борис Трајковски“ со почеток во 20:45 часот.

Слични содржини