OdbojkaMak
Македонската одбојкарска репрезентација за противник во полуфиналето во Европската лига ќе ја има селекцијата на Естонија. Нашиот ривал беше првопласиран во групата А со максимални 10 победи и притоа постигна две победи на домашен терен над Македонија со 3:0 и 3:1 во сетови.

Тоа воедно беа и првите два натпревара за нашите одбојкари оваа сезона.

Според програмата тоа ќе биде второто полуфинале кое ќе се игра на 13 август (четврток) од 20 часот во полскиот град Валбжих. Во првото полуфинале од 17 часот ќе играат Словенија (прва во групата Б) против домаќинот Полска.

Следниот ден (14 август) најпрвин се игра дуелот за бронзениот медал меѓу поразените полуфиналисти, а потоа од 20 часот е финалето во кое ќе играат победниците од полуфиналните натпревари.

Слични содржини