Иако во светот не постои востановена пракса за тоа колкав треба да биде соодносот меѓу бројот на население и бројот на народни претставници во Парламент, сепак примерите покажуваат дека барем во Европа, еден пратеник доаѓа на 20-30 илјади граѓани. Македонија отскокнува од таквиот просек и во моментот има еден пратеник на 17.300 граѓани. Доколку се прифати предлогот на премиерот Никола Груевски, за дополнителни 20 пратеници од дијаспората и плус 17 за победничката партија, земјата ќе има еден пратеник на 13.420 граѓани со што после Црна Гора ќе бидеме држава со најмногу народни избраници, односно прва со најмногу пратеници од дијаспората, анализира Капитал

parlamenti

Како гром од ведро небо дојде изјавата на премиерот Никола Груевски дека неговата партија предлага дијаспората во народниот дом- Парламентот, да биде претставена не со тројца, како што е сега, туку со 20 народни пратеници, со што Собранието од сегашни 123 пратеници би вдомил 140. Ако на тоа се додадат и 17-те пратеници кои ВМРО-ДПМНЕ предлага да ги добие победничката партија на изборите, по примерот на Грција, со цел во собранието да има стабилно мнозинство, тогаш нашиот парламент би броел 157 члена.

Неговиот предлог беше експресно отфрлен од најголем дел од партиите во земјава, дури и од дел од помалите партии кои патем му се коалициони пријатели на премиерот.

собрание2

 

Без разлика на мотивите на Груевски позади овој „непристоен предлог“, Капитал направи анализа за бројот на пратеници наспроти бројот на население во земјите од регионот и во дел од западноевропските држави, која покажа дека  дека тројцата пратеници ја чинат државата 60 илјади евра годишно. Тоа значи дека еден пратеник од дијаспората не чини 20 илјади евра, односно 20-те би не чинеле најмалку 400 илјади евра секоја година.
Освен платата што им следува, државата презема обврска да им додели службен стан на користење или да плаќа кирија за стан од 70 квадрати доколку се сами, или од 100 квадрати доколку дојдат со семејството. Пратениците ќе треба да добијат и по шест авионски билети годишно за да можат да ги посетуваат своите изборни единици, за да го одржуваат контактот со иселениците.
Ако се погледне пак бенефитот од нивното работење во Македонија, ќе се заклучи дека тие се речиси сосема непотребни. Имено, последните податоци од собранискиот извештај „Мојот пратеник“ за периодот јануари- јуни 2015, покажува дека овие пратеници речиси никогаш не земале збор на собраниската говорница. Жив зијан !

Слична е и состојбата и со пратениците во земјава.  Статистичките податоци покажуваат дека за 10 години (од 2005 -2015 година) пратениците успеале да издејствуваат двојно поголем буџет. Ако во 2005 на нивната сметка легнуваа 5 милиони евра, денес собранискиот буџет изнесува 11,2 милиони евра, од кои 70% се трошат на плати.

целата анализа тука 

Слични содржини