МАКЕДОНИЈА СО ТЕНКА БРАНА ПРОТИВ ГОЛЕМА ПОПЛАВА

од Vladimir Zorba

Во наредните неколку години се очекува врнежливо време што може да предизвика поплави. Експертите обвинуваат дека земјава не презема ништо за имплементација на Европските директиви за заштита од поплави и доколку ни се случат поголеми врнежи тогаш поплавите се неминовни. Властите се бранат дека ги чистат каналите

  • poplava-grad

Превенирај сега, за да не го платиш цехот подоцно, само 100 пати поскапо. Ова е искуството кое деновиве го плаќаат нашите соседи од Србија, па и Босна и Хрватска.

Македонија како соседна земја им излезе во пресрет преку испраќање на хуманитарна помош, но се надеваме дека ќе извлече и полза како не треба да прави за да не и се случи катаклизма. Подготвена ли е Македонија да се справи со поплави од големи размери?

potop

Од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство велат дека работат на заштита од поплави и дека во изминативе шест години за чистење само на одводните канали се издвоени околу 2 милиони евра. Но, исто така, минатата година бевме сведоци дека попуштија две брани кои се во надлежност на Министерството за земјоделие, тоа се браните Пишица кај Пробиштип и браната Слатина кај Охрид.

Очигледно дека не се доволни овие пари за одржување на целата инфраструктура за заштита од поплави и дека навреме не е доволно превенирано. Дека превенирањето на катастрофите во делот на поплавите е многу значајно, потврдува и државниот секретар во Министерството за животна средина и просторно планирање Соња Липиткова.

 

sonja lipitkova2

Ако навреме се превенира и издвојува сретства за санација, 100 кратно ќе се намалат штетите кои ќе настанат од поплавите доколку не си превенирал. Најдобар пример за ова е браната Слатино кај Охрид, ако навреме се превенираше оваа брана, немаше да настанат толкави штети. Превенцијата можеби ќе чинела 10 милиони денари (околу 160.000 евра), додека санацијата на истата брана сега ќе не чини 1,5 милиони евра“, вели Липиткова.

 

Таа додава дека во 2015 година, во буџетот ќе бидат предвидени пари за санација и на браната Пишица кај Пробиштип.

 

ЕУ директивите за спречување од поплави само на хартија

 

Според Цветанка Поповска, професор на катедрата за хидраулика, хидрологија и уредување на водотеците, при Градежниот факултет во Скопје земјава малку прави за превенирање од поплавите.

 

cvetanka popovska

фото: Милчо Јовановски, Дојче Веле

Генерално Македонија не е подготвена да се справи со некои поголеми поплави. Поплавите кај нас не се сваќаат сериозно се додека не се случат“, вели Поповска. Таа потенцира дека ниту една директива на Европската унија за справување со поплави не е спровдена кај нас.

Тие директива опфаќаат сет мерки кои треба да се донесат и да се имплементираат, како маркирање на критичните точки, како мапирање, пресметка на ризикот, инвентар, ослободување на плавните зони, мониторинг во реално време.

 

 

Со овој став на Поповска, не се согласува Липиткова.

Во Министерството за животна средина се лоцирани 42 критични точки во реките во земјава каде би можело да дојде до поплавување. Годинава добар дел од овие критични точки ги исчистивме и затоа немавме проблеми со поплави изминативе два месеци, кога имаше обилни врнежи“, вели државната секретарка во оваа Министерство.

Поповска  е со поинаков став.

brana pisica

Соседи на браната Пишица со камења ја спречуваат водата

„Скоро секоја година во мај или наесен се поплавува и Горен Вардар, областа Студенце, Копанце, Раотинце и тн. Две години по ред поплави го зафаќаат и Штип, оваа година Отиње се поплави, лани истотака и Отиње и Брегалница го поплавија Штип, Струмичко, Кочанско и Пелагониско“ вели Поповска и додава дека среќа е што кај нас дождовите не траеја долго.

 

 

 

 

 

 

Македонија со идентични услови за српско сценарио

Експертите коментираат дека Македонија ги има истите услови и истата конфигурација на теренот како и во Босна каде се појавија поплавите. Опасност од поплави во Македонија најавува и д-р Благоја Маркоски, професор на катедрата по географија при Природно математичкиот факултет.

 

Доктор Маркоски Благоја - Редовен професор

Кај нас на циклуси од по 20 години има по една година кога имаме зголемени врнежи во однос на просечните. Имаше неколку големи влажни бранови. Имаше поплаво во 1962, па после 17 години во 1979 година, потоа влажна година мислам дека беше во 2002, на 23 години од последната поплава. Така да, до 2025 година може да се очекува уште една влажна година“ вели професорот Маркоски.

Тој додава дека за да се превенираат од поплави, науката настапува координирано и донесува сет на мерки. Се градат објекти по одредени стандарди кои ќе ги прифатат надојдените води. Населението мора секојденвно да ги почитува тие стандарди за да не дојде до вакви последици.

 

За професорката Поповска, условите во кои се појавија поплавите во Босна и во Србија се на иста конфигурација на замјиштето како и кај нас.

skopje poplava1

Од поплавата во Скопје – 1962

Големи поплави во Скопје 
1778 година
1858 година
1876 година
1895 година
1903 година
1935 година
1937 година
1962 година
1979 година

 

Поплавите во Србија не се случија поради води однадвор, туку поради надојдените водотеци, бидејќи и Србија како Македонија е ридско планинска земја. Нашата територија 79% е ридско планинска територија. Само 19% се рамичарски предели“, вели Поповска.

Таа додава дека Вардар која кај нас е главна река има пороен карактер, што подразбира големи осцилации на протокот на вода. На лето има проток под секаков биолошки минимум кој достигнува 5 метри кубни во секунда, додека напролет или наесен може да се наполни и до 300-400 метри кубни во секунда. Таквите осцилации бараат слободно речно корито на Вардар за да се транспортира оваа вода.

За Липиткова мала е опасноста дека Вардар, ќе го поплави Скопје од толку големи размери како во Србија.

Кај нас навремено се превенира со изградба на пример на браната Козјак, која ќе ги зафати зголемените количества на вода во реката Треска. Покрај браната, во Скопје е изградено и минор и мајор корито по целото течение на реката во главниот град“, додава Липиткова.

brana poplava

Потрошени пари за чистење на одводните канали

Година Потрошени пари(во евра)
2008 188.000
2009 285.000
2010 300.000
2011 80.132
2012 423.000
2013 650.000
Вкупно 1.826.000

Извор: Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство

Експертите пак за Инбокс 7 коментираат дека покрај регулирањето на Треска, сепак многу потоци во Горното течение на реката Вардар не се контролирани. Евентуалните води од интензивни врнежи и поројните водотеци како Џепчишки порој, Пена, Шарските водотеци, Лепенец, Маркова река се голема опасност за поплавување на Централното градско подрачје во Скопје. Која поплава понатаму ќе се задржи како акумулација во Скопското поле.

Урбанизацијата на коритата, ги гуши реките

Урбанизацијата на коритата на реките, но и непланските градби во речните корита се сериозно ги загрозуваат реките и ја намалуваат способност за впивање на атмосферските води во земјата. Агроекономистите одамна апелираат да престане изградбата на градежните објекти на плодната почва како што е во Скопско. Борис Анакиев, поранешен професор на катедрата по агроекономија при факултетот за земјоделски науки и храна вели дека со тоа се прави непоправлива штета на земјоделството.

 

boris-anakiev telegraf

фото: Телеграф.мк

 

Недозволиво е да се уништуваат првокласни земјоделски површини и да на такви површини се градат објекти. До 1990 година имаше закон со кој се дестимулираше градбата на плодни земшјишта од 1 до 4 категорија, а скопското поле е во прва категорија“, вели Анакиев.

 

 

 

Покрај на плодните почви непланските градби се „засадуваат“ и на самите речни корита.

Од урбанистички аспект, самото население постапува несоодветно и се приближува на речните корита. Реката си е свој газда на сопствениот тек и кога, тогаш ќе наплати за нејзината узурпација“, вели професоротМаркоски.

brana kalimanci

брана Калиманци

 

 

Најсвеж пример за ова тврдење на Маркоски се реките Вардар и Отиње во Штип. Неколку години наназад во Штип се убидуваат на двапати да градат паркинзи врз Отиње, а таа на двапати ги поплавува. Во Скопско поле се градат куќи, дивоградби, на површина што е под нивото на реката Вардар и при најмали врнежи подрумите во скопските села се полнат со вода.

Напишано од: – Инбокс

Слични содржини