Македонија во тешка група на ЕП во Хрватска

од Vladimir Zorba

 На свечена церемонија во Загреб се одржа ждрепката за првата групна фаза на ракометното ЕП 2018 во Хрватска.

 
Македонија на ова извлекување беше сместана во вториот барабан, благодарение на одличните квалификации и освоеното прво место во групата каде играше со Чешка, Украина и Исланд.
За свои противници на шампионатот, Македонија ги доби селекциите на Словенија, Германија и Црна Гора, сместени во „групата Ц“, натпревари кои ќе се одиграат во Загреб.
Во „групата А“ во Сплит, покрај домаќинот Хрватска, се и селекциите на Исланд, Србија и Шведска.
Во Пореч ќе се одиграат натпреварите од „групата Б“, помеѓу Франција, Норвешка, Австрија и Белорусија.
И, во „групата Д“, во Вараждин, Шпанија, Унгарија, Чешка и Данска.
Пласман во втората фаза обезбедуваат првите три репрезентации од секоја група.
Во оваа фаза вкрстуваат А и Б од Сплит и Пореч и шестте селекции од овие групи потоа се селат во Загреб. Вараждин останува домаќин и во втората фаза на ЕП на вкрстената група со репрезентациите од Ц и Д.
Европското првенство во Хрватска ќе се одржи од 12 до 28 јануари.

Слични содржини