Македонија – земја каде се протестира против правда

од desk2

Фактот што официјални лица, партиски активисти во Македонија протестираат против институција како што е Специјалното јавно обвинителство, чија што мисија е воспоставување на правдата во земјата, е показател за поместување на општествените вредности како последица на партиските пропаганди и уцени инсталирани веќе долги години од страна на власта.

sjo-ristoska-janeva-i-fetai-267x200

Вака за Portalb.mk коментираат граѓанските активисти, во врска со протестите на донаторите на ВМРО-ДПМНЕ кои беа повикани на разговори од СЈО во врска со  финансирањето на партијата и личните донации за време на изборите во 20014.

Наместо СЈО да не престане со обелоденување на најскандалозните случаи во земјата, како што се „Монструм„, „Сопот„, „Никола Младенов„ и неколку други, ние се соочуваме со феноменот на „барање неправда„ велат роднините во случајот „Монструм“ за Portalb.mk.

-Жално е што овие луѓе си дозволиле да бидат уценети и да се под постојан притисок од партијата на власт, за нивните права да ги третираат како привилегија. Самиот факт што во најсиромашната земја во Европа ја имаме најбогатата партија во Европа, е доволно за Обвинителството во било која земја да започне истрага. Има поединци кои донираат парични износи во оваа партија, коишто тие не би можеле да ги заработат дури и за една година, вели за Порталб Сарачини, и додава дека индициите за финансиска злоупотреба од ВМРО-ДПМНЕ се јасни.

Според  него, за разлика од тие што „си дозволиле да дојдат во ваква состојба“, има иголем дел од општеството, којшто е под директен притисок од страна на власта, токму поради тоа што не се потчинуваат на овој начин на владеење кој, според него, е недемократски и диктаторски.

 Според директорката на Хелсиншкиот комитет, Уранија Пировска, и покрај тоа што протестот е демократско право, сепак бранењето на ВМРО-ДПМНЕ, според неа, е смешно.

-Протестот е демократско и уставно право. Меѓутоа, за мотивот на тие што протестираат, доколку ги земеме предвид сите случувања изминатите години и тоа дека голем број луѓе имале тешка судбина, поради криминалите на партијата во власт, секако дека е смешно, бидејќи нема некој основ за изразување на некаков револт,  вели Пировска.

Бедри Ајдари од Координативниот организациски совет за случајот „Монструм„ оценува дека оној што не е виновен, нема ни што да крие од Специјалното јавно обвинителство.

-Јазикот самиот ја наоѓа болката на забот. Зошто се кријат од Специјалното обвинителство оние, демонстантите на ВМРО-ДПМНЕ, и тие коишто давале донации, како што гледаме по порталите, од по четириесет до шеесет илјади денари во еден ден? Толку моќни донатори и тоа илјадници во текот на еден ден?, прашува Ајдари.

Во врска со случајот „Монструм„, Ајдари вели дека работата е во застој во однос на гласањето на законот на заштитени сведоци, и во моментот кога пратенците ќе го изгласаат овој закон во Собрание, може да очекуваме обелоденување на случајот.

Додека се чека СЈО да обелодени многу случаи што произлегуваат од незаконските прислушкувања, пред полициската станица во Охрид поддржувачи на ВМРО-ДПМНЕ протестираа со плакати против СЈО со квалификации дека е „продолжена рака на СДСМ и орган што работи за политички цели“.

Специјалното обвинителство излезе со соопштение во коешто објаснува дека секое лице кое ќе биде повикано како сведок е должно да одговори на повикот и дека ги отфрлува политичките етикетирања на членовите на ВМРО-ДПМНЕ изречени кон СЈО.

СЈО исто така се оградува од сите политички шпекулации и ја истакнува нивната законска одговорност, обвинителите во ова Јавно Обвинителство ја вршат  согласно законот во насока на докажување на вистината во текот на процедурите коишто ги следат.

Слични содржини