Македонија – земја со најниска употреба на контрацептивни средства во Европа

од Vladimir Zorba

Здруженијата на маргинализираните заедници порачуваат – веднаш да се примени Стратегија за сексулано и репродуктивно здравје и права 2010 – 2020.

И по шест години од донесувањето на Стратегијата овие групи уште немаат пристап до сеопфатно сексуално образование, во државата нема модерна контрацепција на позитивната листа на лекови со што е една од причините поради која Македонија е една од земјите со најниска употреба на контрацепција во Европа.

Како резултат на ваквата пракса има пораст на некои сексуално преносливи инфекции, во комбинација со лошиот пристап до гинеколошки услуги и со една од највисоките стапки на перинатална смртност во Европа,  тврди Коалицијата за сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници.

Главните препораки на здруженијата на граѓани кои работат на ХИВ певенција, родова еднаквост, унапредување на правта на ЛГБТИ, сексуалните работници, лицата кои живеат со ХИВ и лицата кои употребуваат дроги е дека се потербни итни мерки за изработка на Акциски план за имплементација но и буџет за финансирање.

Од државата бараат воведување на сексуално образование, обезбедување на здравствена заштита, особено гинеколошка, унапредување на пристапод до контрацептивни средства, заштита на човековите права на маргинализираните заединици и измена на законот за прекинување на бременоста од 2013 година ./ЗВВ

Слични содржини