„Политика“: Евтаназијата влегува во Граѓанскиот законик

од desk4

Во нацртот на Граѓанскиот законик ќе се најде и предлог за легализација на евтаназијата во Србија, објави „Политика”.

По двегодишна дискусија, владината комисија за изготвување на овој кодекс одлучи дека во најновата верзија на пред-нацртот, вметне одредба за можноста заболени од тешки и неизлечиви болести да го завршат својот живот на достоинствен начин, со нивна одлука или со согласност на нивните најблиски, наведува весникот.

Според „Политика”, најавен е посебен закон што прецизино ќе уреди услови и постапки за остварување на правото на евтаназија.
Исто така, ќе бидат потребни и промени во Кривичниот законик.

Слични содржини