Македонија почна да крева метална ограда на границата со Грција

4530963

Македонската полиција употреби светлосни гранати  и шок бомби за да ги растера околу 250 мигранти, кои почнаа да гаѓаат со камења  врз полицајците јави  Асошиејтед прес. Толпата мигранти протестира , бидејќи не им дозволуваат да влезат на територијата на Македонија. Еден од мигрантите се качил на покривот на вагон и се фатил за кабел под висок напон. Како резултат на тоа добил изгореници и итно бил пренесен во болница. Како што веќе информиравме револтот е и поради тоа што   Македонија почна да крева метална ограда на границата со Грција, на место каде мигрантите навлегуваат  во земјата крај Гевгелија.

Властите во Скопје од минатата недела  ги враќаат сите економски мигранти назад на Грција. Во Република Македонија се дозволени само бегалци од Сирија, Ирак и Авганистан. По 19-ти јуни од соседна Грција во Република Македонија пристигнаа над 280 000 мигранти. Сите тие доаѓаат организирано од властите во Грција со автобуси и возови до македонскиот пограничен град Гевгелија
Во судирот со мигрантите се повредени 18 полицајци главно од удари со камења

Пред две недели Националниот Совет за безбедност заклучи дека „како крајна мерка да може да преземат и поставување на барикада со жица на местата на кои ќе се оцени дека е потребно“

“Советот за безбедност потенцира дека поставувањето на оградата не би било во насока на затворање на границата, туку за канализирање и ограничување на протокот, во согласност со бројот на мигранти што ќе го прифатат државите во Европа кон кои тие се упатуваат”, беше наведено во соопштението од Кабинетот на претседателот Иванов.

Во моментот,  ситуацијата на македонско- грчката граница кај Котата 59 е мирна и вообичаена.

Слични содржини