tovarnivagoni
Возниот парк на Македонски железници е збогатен за нови 107 товарни вагони кои денеска беа промовирани во Скопје.

До крајот на месецот се очекува да бидат испорачани и останатите 43 вагони од словачката „ЖОС Трнава“ со што ќе се заокружи набавката во висина од 13,2 милиони евра.

Вицепремиерот и министер за финансии Ставрески нагласи дека набавката на новите товарни вагони произлегла од барањата на бизнисмените.

Според министерот за транспорт, со оваа нова инвестиција Македонски железници ќе се етаблира и на меѓународниот пазар како компанија која е подготвена да понуди брз и сигурен транспорт.

Слични содржини