За прв пат во официјална селекција на меѓународен фестивал, беше прикажан македонскиот долгометражен игран филм „Медена ноќ“, по сценарио и режија на Иво Трајков. Македонскиот филм, ја кино наполни салата Ставрос Торнес во Солун, во рамките на 56-тиот Меѓународен филмски фестивал. Финансиски поддржан од Филмскиот фонд, истиот е  номиниран од  Република Македонија во категоријата филмови на странски јазици за 88-тиот Оскар.

 New Image

Приказната е инспирирана од новелата „Уво“ на Јан Прохаска, еден од најдобрите чешки сценаристи на сите времиња. Главните ликови во филмот ги толкуваат Никола Ристановски и Верица Недеска.

 Се очекува продуцент, Роберт Јазаџиски, да присуствува на втората проекција во Солун закажана за 13. ноември.

 

Слични содржини