Македонскиот пазар на труд нуди можности за административци и угостители

од Vladimir Zorba

Според податоците на Државниот завод за статистика, во третото тримесечје од 2016 година, стапката на
слободни работни места изнесува 1.27%.

30-otvoreni-oglasi-za-rabota-ovie-kompanii-nudat-vrabotuvanje-192846
Највисока стапка на слободни работни места има секторот Л – Административни и помошни услужни дејности
и изнесува 2.72%, додека најмала е стапката во секторот Д – Снабдување со вода; отстранување на отпадни
води, управување со отпад и дејности за санација на околината, кај кои изнесува 0.21%.
Деловните субјекти со број на вработени од 10 до 49 имаат највисока стапка на слободни работни места која
изнесува 1.74%.
Југоисточниот регион има највисока стапка на слободни работни места која изнесува 2.09%.
Најголем број слободни работни места, односно 1729, има во петтата група на занимања – Работници во
услужни дејности и продажба.

Линк до табеларен приказ

Слични содржини