Македонските одбојкари подобри и од репрезентативците на Азербејџан

од Vladimir Zorba

Македонската одбојкарска репрезентација ја оствари и втората победа на турнирот во Тирана од Б групата од Европската лига. Попладнево Македонија со максимални 3:0 во сетови го победи Азербејџан.

Резултат по сетови: 25:20; 25:19 и 25:21 или вкупно 75:60 за 81 минута.

Во вториот дуел од денешната програма играат Албанија и Шведска. Македонија со максимални пет победи е прва во групата со 15 бодови и обезбедено учество на завршниот турнир во Данска. Албанија е на втората позиција со 8 бодови, Шведска има три, а Азербејџан е последен со 1 бод.

Утре во последното коло од турнирот во Тирана Македонија од 18 часот игра против Албанија.

Слични содржини