Македонските програмери на видео игри поканети да учествуваат на DevPlay 2017

од desk2

Програмерите на видео игри од Македонија се поканети да бидат учесници на првата конференција за програмери на видео игри од Источна Европа – DevPlay2017. Конференцијата се одржува во Букурешт, Романија на 11. и 12. септември 2017 година. Домаќин на настанот е Романската Асоцијација за Развој на Игри (RGDA) и  на конференцијата ќе говорат седумнаесет интернационални говорници од индустријата за развој на видео игри, два дена ќе се организираат панел дискусии, сесии за претставување, семинари и работилници.

„Првото издание на DevPlayги потврди нашите очекувања: романската индустрија за програмирање игри имаше потреба од посветена конференција за да ја осигура нејзината позиција како една од најважните креативни индустрии на романскиот пазар и како една од лидерите на локалните индустрии за развој на игри во регионот. Со овогодинешното издание, Романската Асоцијација за Програмирање на Игри (РГДА) планира да додаде импресивно влијание генерирано од минатогодишната конференција за и понатаму да придонесува за развојот на заедницата на програмерите на игри во земјата, но и во регионот. Како резултат на тоа, нашата цел е да собереме што повеќе ресурси кои ќе помогнат во порамнување на постојаното менување на стандардите во индустријата. Ние сме позитивни дека DevPlay има потенцијал да прерасне во вистински ХАБ за индустријата за развој на игри во Источна Европа“, изјави Каталин Бутнариу, претседател на РГДА.

Можности за независни програмери

Борба во пронајдоци. За прв пат, натпреварот Борба во Пронајдоци, чиј домаќин е Nordic Game, ќе се одржи во Романија на DevPlay 2017 организиран од РГДА. Со 15 годишно искуство во успешно организирани настани во оваа индустрија, Nordic Game креираше предизвик за независни програмери во кои селектираните проекти ќе бидат презентирани пред публика низ повеќе земји. „Ни претставува огромна чест и сме среќни што овој натпревар е дел од нашиот настан, сите апликации од целиот регион се добредојдени“, велат од РГДА.

Независна Изложба. Заедно со натпреварот на Nordic Game, овогодинешното издание на DevPlayќе содржи и област на изложбена витрина посветена на независните програмери. Ова би било одлична можност за нив да ги презентираат нивните креации на сите учесници на настанот, исто како и на интернационалните новинари. Процесот за аплицирање е веќе почнат во сите студија во Романија и Балканскиот Регион и ќе трае до 31-ви Август.

Локација и влезници

Сите што сакаат да учествуваат може да се регистрираат на официјалната интернет страница на следниот линк: https://dev-play.ro/register/. DevPlay во организација на РГДАќе се одржи на 11-12-ти септември во Букурешт, во Grand Cinema & More – еден од најголемите центри за настани и забави во Романија, со целосна површина со повеќе од 14.000 метри квадратни и капацитет со повеќе од 2.600 седишта.За влезници и новости, Ве молиме посетете ја нашата веб https://dev-play.ro/или фејсбук страница facebook.com/dev.play.conference/.

Познати експерти на DevPlay 2017

Стен Џаст (Stan Just), менаџер за истражување и развој во Проџект Ред (CD Project RED) и член на Советот на Асоцијација на Програмери за Видео Игри во Полска, ќе биде говорник на DevPlay 2017. Како продуцент на игри, Џаст работел со Риалити Памп (Reality Pump) за да ја креира видео играта Two Worldsа соработувал и со 11 Бит Студиос (11 Bit Studios)на неколку мултиплатформски наслови како Anomaly 2. И конечно, работел со CD Project RED на The Witcher 3: Wild Huntи неговите продолжетоци. Стен e чест говорник на бројни интернационални конференции и напишал неколку статии за програмирање видео игри во публикации како Гамасутра (Gamasutra).

На DevPlay2017 ќе учествува и Цветан Русимов, главен оперативен функционер (COO)на Империја Онлајн (imperia Online) – најголемото студио за видео игри во Бугарија, кое на пазарот е повеќе од 11 години и развива игри на веб и мобилни уреди. Цветан е член на првото жири на IMGA China Awards и советник во глобалниот акцелератор за игри – Game Founders. Тој е професионалец во индустријата на игрите со 15 години раководно искуство во извршни лидерски улоги со докажани и успешни достигнувања. Цветан беше дел од секој сегмент почнувајќи од креирање и програмирање до локализација, маркетинг и печатење. Неговото придружување конImperia Online резултираше со воздигнување на тимот од девет членови во мултимилионска компанија.

Уште едно познато име кое ќе го видиме на DevPlayе Мика Луотио – ветеранот на индустријата на мобилните игри од Финска кој работи на ваков тип игри од 2006-та година и е со повеќе од 16 издадени наслови. Искусен е и во програмирање и издавање мобилни игри. Пред Tilting Point, Мика Луотио работеше во повеќе индустрии раководејќи ги издавачите на мобилни игри како Flaregames, Rovio, Wooga, EA & PopCap.

Слични содржини