Македонските ракометари со убедлива победа одат во Хрватска на ЕП

од Vladimir Zorba

Македонската ракометна репрентацијата забележа убедлива победа против Чешка од 33:20 (16:10) и обезбеди пласман на Европското првенство во Хрватска во 2018-та година.

Тие одиграа одличен натпревар и во ниту еден момент не ја доведоа победата во прашање. Во второто полувреме разликата стана и двоцифрена.

Кире Лазаров со 11 гола беше најефикасен кај македонските ракометари, а по него беа Манасков со шест и Пешевски со четири погодоци, додека Борко Ристовски беше одличен на голот со 16 одбрани за помалку од 50 минути игра.

Македонија го освои првото место во оваа квалификациска група и ќе се најде во вториот шешир при ждребот за ЕП. Чешка исто така ќе оди во Хрватска како второпласиран тим, а од нашата група оди и Исланд како најдобра третопласирана репрезентација во овие квалификации.

Слични содржини