Ракометната репрезентација на Македонија со пораз од Полска го започна својот настап во квалификациите за Летните олимписки игри во Рио.

Во натпреварот од 1.коло на група 1, чиј домаќин е полскиот град Гдањск, македонските ракометари загубија од Полска со 25-20 полувреме 13:9 за домаќините.

Macedonia vs. Poland, in Krakow, 17 January 2016.

Капитенот Кирил Лазаров со 8 постигнати голови беше најефикасниот наш ракометар, а Гоце Георгиевски и Дејан Манасков постигнаа по 4 голови за црвено-жолтите.

Во победничката репрезентација најефикасен беше Карл Бјелецки со 7 гола.

Во првиот натпревар од оваа група Тунис убедливо со 35:29 го победи Чиле.

Токму Тунис е следниот противник на македонските ракометари во натпревар, кој ќе се игра утре од 18 часот и 30 минути. Во вториот меч ќе играат домаќинот Полска и Чиле.

Слични содржини