Македонците по 30 години ќе го стигнат сегашниот европски стандард

од desk3

На граѓаните на Македонија ќе им треба дури 30 години да го достигнат евроспкиот животен стандард, под услов годишниот економски раст во земјава да е 4, а во ЕУ 2 отсто.

Ова прогноза е објавена во најновата анализа на Владимир Глигоров од Виенскиот економски институт, која денеска беше презентирана пред бизнисмените, премиерот Заев и вицепремиерот Анѓушев.

Глигоров сепак смета дека земјава има шанси да го скрти времето за економки развој за што препорачува зголемување на извозот, и на домашните инвестиции но и на создавање јавно-приватно партнерство.

„Релативно потрошувачката можност да се намалува, инвестициите да растат, а трговски дефицит да се намалува, односто да расте изводот, а не увозот. да се обезбедат услови за вработување на млади лица.“ – вели Владимир Глигоров од Виенски институт за меѓународни екомски студии.

Според анализата, изминатите 30 години главни проблеми во Македонијасе невработеноста, нестабилноста, нискиот извоз. Макроекономската рамка е добро поставена а политиката за фиксен курс на денарот е добра и на неа стопанството добро се приспособува, но сепак има простор за реформи во даночниот систем.

Премиерот Заев е убеден дека нема да треба да се чека 30 години за да се достигне европскиот раст од четири проценти, туку македонската економија може многу повеќе. За вицепремиерот Анѓушев, кој рече дека меѓу бизнисмените се чуствува во природна средина, мора да се работи на зголемување на извозот.

„Ние ако сакаме да имаме успешен развој, тој мора да биде извозно орјентиран, ако не стигнеме до 70% не можеме да сметаме на сериозен раст.“ – вели Кочо Анѓушев, вицепремиер.

Студијата која беше презентирана, Виенскиот економски институт ја изработи по барање на Стопанската комара на Македонија. На настанот не беше дозволено поставување прашања./24Вести

Слични содржини