Макрадули: Се преземаат мерки за заштита на амбиентниот воздух

од desk2

Поголема соработка на меѓуресорската владина група со локалните самоуправи, паралелна изработка на нов национален план за заштита на амбиенталниот воздух, и законски измени за примена на мерките кои ќе бидат иницирани се дел од првите чекори на Владата за справување со проблемот на загадување на воздухот.

Тие мерки, рече, може да се однесуваат на зголемување на бројот на корисници на централно греење, и тоа на природен гас, на намалување на емисиите од загревањето на домаќинствата и административните капацитети кои се однесуваат на контролата на оџаците, мерење на квалитетот на цврсти горива, намалување на емисиите во сообраќајот со воведување режим за сообраќај, категоризација на возила…

– Доколку не се преземат мерки постои реална можност за влошување на квалитетот на воздухот. Заеднички е интересот и започнуваме заеднички процес за справување со овој проблем, истакна заменик министерот Макрадули.

Ќе се разгледуваат и иницијативи за давање субвенции за замена на стари печки и купување нови со голема ефикасност, купување возила со нулта емисија на гасови, и иницијативи за финансиска поддршка за проширување на јавниот превоз со електрични автобуси Вели дека важна улога ќе има и мониторингот на амбиентниот воздух, и негово проширување со мобилно возило кое треба да ги покрива областите кои не се покриени со статичните станици, а најави и зголемување ќе се зголемува и надзорот на инспекциските служби./MIA.

Слични содржини