Макрон фаворит за претседателските избори во Франција

од Vladimir Zorba

Кандидатот за претседател на Франција Емануел Макрон се очекува да победи во првиот круг на изборите следниот месец, откако ја претека Марин Ле Пен, покажува објавеното во четвртокот истражување на Harris Interactive, пренесува Reuters.

Според истражувањето на 23 април 26% од гласачите ќе го  поддржат Макрон додека Ле Пен ќе добие 25%. Предвидените резултати не се променети од последните анкети  спроведени пред две недели.  Поддршката за кандидатот на конзервативците Франсоа Фијон паднала од 20% на 18% поради серијата од финансиски скандали околу него.

Слични содржини