Макрон и Меркел ќе раководат со обновувањето на ЕУ по Брекзит!?

од Vladimir Zorba

Претседателот на Франција Емануел Макрон и канцеларката на Германија Ангела Меркел го искористија самитот во Брисел во петокот, за да упатат недвосмислена порака: нивните земји планираат да раководат со обновувањето на Европската унија по Брекзитот, пренесува France 24.

Макрон и Меркел одржаа заедничка прес-конференција по средбата со 26-те земји членки.
“Кога Франција и Германија зборуваат со еден глас, тогаш Европа може да оди напред”, изјави Макрон.
“Не може да има соодветно решение, ако тоа не е соодветно за Франција и Германија”, додаде 39-годишниот шеф на државата.

Иако повеќето од тоа беше прагматичен тон Меркел со иста порака: “Оваа конференција покажува дека ние сме подготвени заедно да наоѓаме решенија на проблемите”.

Слични содржини