Макрон и Терминатор се обединија и одлучија да …

од Vladimir Zorba

Климатските промени  се поважни од партизанската политика, категоричен е Шварценегер

Актерот и поранешен гувернер на Калифорнија Арнолд Шварценегер ги повика луѓето од целиот политички спектар во САД да се приклучат на “крстоносна војна”, за да ја спасат планетата, по петочната средба со францускиот претседател Емануел Макрон.  “Не треба тоа  да го претвораме во политички проблем”, рече тој.

“Тоа не е поделба меѓу левите и десните, нема либерален или конзервативен воздух, сите го дишеме истиот воздух. Нема либерална или конзервативна вода, сите ја пиеме истата вода”, додаде ѕвездата од филмот “Терминатор”.  Само неколку недели откако американскиот претседател Доналд Трамп објави дека го повлекува САД од Парискиот договор за климата, Шварценегер изјави дека сите земји треба да работат заедно за да ја заштитат животната средина.

“Многу е важно за да успееме да создадеме зелена и чиста иднина за нашите деца и внуци. Тоа е одговорноста што ја имаме – да им го предадеме светот на следната генерација во подобар изглед отколку што сме го наследиле”, рече Шварценегер.  “Сите треба да работиме заедно за да го направиме тоа”, истакна тој, додавајќи дека со Макрон разговарале темелно  за прашањето за климата за време на средбата. Тој го пофали францускиот лидер како “водечка сила” за Франција и за светот, особено по прашањата на животната средина.

Слични содржини