Макрон ќе му биде домаќин на Путин

од desk3

Емануел Макрон ќе биде домаќинна состанокот со рускиот колега Владимир Путин, кој ќе се одржи во Версај на 29 мај, соопштија од Елисејската палата.

Средбата меѓу двајцата лидери е организирана така за  да се совпадне со изложбата посветена на годишнината од посетата  на цар Петар Велики во Франција во 1717 година.  Ова е прва посета на странски лидер во Франција, откако Емануел Макрон пред еден месец ја презеде  претседателската функција. Сеуште нема потврда на посетата од Москва .

 

Слични содржини