Maкрон ѝ свири пијано на Бриџит

од Vladimir Zorba

Историјата меѓу Емануел и Бриџит Макрон е вистинска љубовна приказна која трае повеќе од 20 години. Приказната е за тинејџер кој се вљубува во својата професорка. Покрај тешкотиите, тие докажаа дека нивната љубов ќе ги надмине сите пречки. Доста пат е поминат од гимназијата Провиданс во Амиен, каде се среќаваат Емануел и Бриџит и денес во Елисејската палата го продолжуваат среќниот семеен живот. Силно презафатениот распоред на државниот поглавар на Франција не им остава многу време на двајцата да се сами, но и покрај тоа Емануел Макрон не пропушта да биде романтичен.

Како што пренесе списанието “Gala” Емануел ја изразува љубовта кон Бриџит со тоа што ѝ свири на пијано. И тоа не кое и да е парче. Претседателот на Франција обожава да ја изведува “Love me, please love me”, познатата романтична балада на Мишел Полнареф.

Познато е дека претседателот и неговата сопруга се фанови на пејачот со белите очила и дека во 2016 година беа фотографирани за време на концертот на Мишел во Париз во салата АкорХотел Арена, на кој присуствуваа.

Не за прв пат двојката тогаш е видена на концерти. Минатиот месец тие присуствуваа на големото шоу на Vieilles Canailles каде беа исто Џони Холидеј, Еди Мичел, Жак Дитрон. Всушност првата дама е фан на идолот на младите Џони. Неколку дена пред да започне својата турнеја таа ги покани Џони Холидеј и неговата сопруга Летиција на ручек.

Слични содржини