Макрон утре патува за Германија

од desk3

Откако денес и службено ја презеде должноста претседател на Франција Емануел Макрон, утре патува за Германија. Ќе се сретне со канцеларката Ангела Меркел од каде заедно ќе испратат порака дека Европската Унија е силна и  по заминувањето на Велика Британија.

Се очекува првиот потег на новиот француски претседател, да биде јакнење со ЕУ структурите, а особено со најмоќната нејзина членка Германија.

Инаку денеска Макрон за време на церемонијата во Елисејската палата меѓу другото порача дека ќе работи за да ја намали поделбата во општеството.

“Поделбата во општеството мораме да ја надминеме. Знам дека Франција има големи очекувања од мене. Ништо нема да ме сопре во одбраната на француските интереси”, рече Макрон.

Слични содржини