Дури и во 2018 година маларијата и понатаму е болест која е опасна по живот, а од неа можат да се заразат дури половина од жителите на планетата Земја.

Денеска се одбележува Светскиот ден на маларијата, кој има за цел да ја разбуди свеста кај луѓето за проблемот кој оваа болест и понатаму го претставува во светот.

Речиси 500.000 луѓе починаа од маларија во 2016 година, што докажува дека модерната медицина има огромен предизвик пред себе.

Прв чекор е секако едукацијата, а во продолжение прочитајте неколку факти околу оваа болест кои треба да се знаат:

Што е маларија?

Маларијата ја пренесуваат паразити кои се наоѓаат во заразените женки комарци од типот Anopheles. Веднаш откако некоја личност ќе биде касната од заразен комарец, паразитите се размножуваат во црниот дроб пред да го инфицираат и на крај ги уништуваат црвените крвни клетки. Од 100 видови на паразити кои ги има во себе комарец заразен од маларија, само пет ги погодуваат луѓето.

Кои се симптомите на маларија?

Симптомите се појавуваат од 10 до 15 дена после касање. Во почетокот се појавува грозница, па главоболка, поради што оваа болест тешко се дијагностицира. Кај децата симптомите се анемија и проблеми со респираторниот тракт, а кај возрасните лица преминува во откажување на работата на повеќе органи, што на крај може да доведе и до смрт.

Каде постои најголем ризик?

Речиси половина од популацијата е во ризик од маларија, но оваа болест и понатаму е најзастапена во Постсахарска Африка. Новороденчињата и малите деца се во најголем ризик од оваа болест. Всушност, поради големиот број на заболени деца до пет години, Светската здравствена организација препорача превентивна терапија во сезоната кога најмногу луѓе заболуваат од маларија.

Како се лечи маларија?

Маларијата со лекува со превенција: Инсектициди против комарци и спреј пред излегување надвор, се работите кои се единствено решение. Лековите се достапни, посебно за оние кои патуваат, а трудниците исто така превентивно можат да примаат терапија, ако знаат дека одат во краеви каде постои опасност да бидат заразени. За жал, и понатаму постојат земји во кои оваа терапија не е достапна, а што е најлошо тоа е случај токму во земјите каде таа е најмногу застапена.

Зошто ни е потребен Светски ден на маларија?

Додека се уште се бара лек кој ефикасно би ја елиминирал маларијата од организмот, Светската здравствена организација и понатаму пројавува загриженост. Иако е направен напредок во медицината во последните неколку години, се чини дека повторно доаѓа до застој. Според прогнозите, до 2020 година нема да се намали бројот на заболени за 40 отсто, како што беше планот на Светската здравствена организација.

Слични содржини