Малезиската полиција сомничи дипломат од Амбасадата на Северна Кореја за убиството на Ким Џонг-нам

од Vladimir Zorba

 

Полицијата во Малезија идентификува претставник од Амбасдата на Северна Кореја како осомничен за убиството на Ким Џонг-нам. Уште еден осомничен за случајот е поврзан со државната авио-компанија на Северна Кореја.

Полицијата соопшти дека тие две лица се уште се во Малезија и биле повикани на распит. Дипломатот е со ранг втор секретар во Амбасадата.

Полицијата смета дека четири други лица осомничени за убиството побегнале во денот на нападот и заминале во Пјонгјанг. Минатата недела малезиските власти уапсија Севернокореец и две жени од Виетнам и Индонезија во врска со убиството.

Слични содржини