Малезиската принцеза се омажи за Холанѓанец

од desk2

Ќерката на еден од најмоќните малезиски султани Амина Тунку, се омажи за Холанѓанецот Денис Мухамед Абдула на свечена традиционална церемонија.


Била одржана приватна церемонија за семејството, но и јавна, за која била посебно декорирана палатата и поставени државните знамиња на улиците, при што биле зајакнати безбедносните мерки.

Кралското семејство на јужномалезискиот султан Јохор е богато и моќно и ова е единствениот малезиски султанат кој има приватна војска.

Двојката пред бракот беше во тригодишна врска а како што велат се заљубиле на прв поглед.

„Ќе се преселиме во нашиот дом, а тоа ќе биде прв пат да се одвоиме од родителите“, вели принцезата Амина, единствената ќерка на султанот.

Дваесет и осумгодишниот Холанѓанец, роден како Денис Вербаас во градот Лисе покрај Амстердам, во 2015 година премина во ислам за кој почнал да се интересира во 2014 година, додека живеел во Амстердам. Со пријателите одел во џамија, учел за исламот и рекол, оваа вера ме смирува. По струка е машински инженер и работи во една компанија во Јохор.

Слични содржини