Манчестер Јунајтед објави рекордна заработувачка

од Vladimir Zorba

Англискиот фудбалски клуб Манчестер Јунајтед објави рекордни приходи во работењето иако во минатата сезона не играше во Лигата на шампиони.

Клубот од Олд Трафорд заработил 659 милиони евра во изминатите 12 месеци (до крајот на јуни) и имал профит од 91,2 милиона евра.

Телевизиските права се зголемени за 38,2 отсто на 219 милиони евра по новиот договор.

Долгот поврзан со купувањето на клубот од семејството Глазер во 2005 година се намали на 240 милиони евра од 295 милиони колку што беше сумата една година порано.

Слични содржини